ноември 23, 2021

Недела на грижа на стари лица – доделување на благодарници и пригодни подароци на наградените ученици за литературни и ликовни творби

Во рамки на активностите посветени на Меѓународниот ден на стари лица и на Неделата на грижа за стари лица (15-21 Ноември), Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објави литературен и ликовен конкурс на тема „Заедно за убав и хуман свет“и на истиот учествуваа учениците од основните и средните училишта на општина Охрид.

Во просториите на Црвен крст Охрид на ден 22.11.2021г. со спроведување на сите пропишани мерки и правила поради пандемијата Ковид 19 се одржа свечено доделување на благодарници и пригодни подароци на наградените ученици за литературни и ликовни творби.

< врати се назад