![](https://www.crvenkrst-ohrid.org.mk/wp-content/uploads/2022/02/47021754_569285443484502_1212299169776009216_n-1000x560.jpg)
Недела на грижа на стари лица
Во рамки на одбележување на “Неделата на грижа на стари лица”(19-25 ноември) Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид под мотото “Сите сме нивни деца” со бројни активности ја одбележа Неделата. Беа посетени старите лица од програмата “Најди време” и им беа направени превентивни здравствени прегледи (ЕКГ, гликоза, крвен притисок). На социјално-ранливите категории на стари лица поделена беше и помош во храна.
Во просториите на општинска организација Охрид на волонтерите и корисниците од програмата-Грижа за стари лица “Најди време” др.Јованка С. Коровешоска им одржа едукативно предавање на тема: „ Заштита од грип” .
Волонтерите на Клубот на млади при Црвен Крст- Охрид во текот на неделата низ централното градско подрачје делеа едукативни материјали – флаери за здравиот начин на живот и правата на социјална заштита на старите лица.