ноември 23, 2022
НЕДЕЛА НА ГРИЖА ЗА СТАРИ ЛИЦА
По повод Неделата на грижа за старите лица, која се празнува традиционално секоја година од 14 до 20 ноември, младите од Црвен крст Охрид имаа шанса да се запознаат со концептот на активно стареење како можност за развивање на меѓугенерациска солидарност.
Овој вторник волонтери од Клубот на млади присуствуваа на работилницата водена од Катерина Наумоска, волонтер и проектен координатор во Црвен крст Охрид, каде преку кратко интерактивно предавање имаа можност да дискутираат на оваа тема .
Уште еднаш Црвен крст Охрид под мотото “Сите сме нивни деца” преку своите активности ги опфати и младите, но и волонтерите од третото доба со цел да се промовира соработката меѓу ни.