
март 7, 2025
НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ РАК
о повод одбележување на
НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ РАК
, Клубот на млади при Црвен крст Охрид организираше работилница за изработка на розеви панделки во знак поддршка на оние кои живеат со рак
.
Во текот на работилницата беа изработени околу 100 панделки, а истите беа поделени на граѓаните на Охрид од страна на волонтерите на Црвен крст Охрид.
Розевата панделка е глобален симбол за свесност и поддршка за пациентите со рак.Овој симбол останува еден од најмоќните во медицинската и хуманитарната кампања, инспирирајќи милиони луѓе ширум светот да се вклучат во борбата против оваа болест.




