март 1, 2025

НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ РАК

Посветени на своите активности во Здравствено-превентивната дејност, а во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против ракот од 1-8 март, под мотото „Подигни свест, победи рак“, Црвен крст Охрид организира активности насочени кон подигање на јавната свест кај општата популација за превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања.

Во таа насока, Црвен крст Охрид организира предавање-разговор со Академик проф. д-р Миле Д. Миќуновиќ за малигните заболувања со акцент на рак на простата, кое ќе се реализира на 03.03.2025 (понеделник) со почеток во ⏰11 ч., во просториите на Црвен крст Охрид.

Секоја година во светот, над 12 милиони луѓе заболуваат од некој вид на рак, а 7,6 милиони луѓе умираат како последица на болеста. Во нашата држава, годишно се откриваат преку 6 илјади нови случаи на заболени од рак. Овие бројки се навистина застрашувачки и алармантни. Експертите од Меѓународната унија за рак и Светската здравствена организација нагласуваат дека приближно 40% од карциномите можат потенцијално да се спречат и ризикот од развој на ракот може значително да се намали со примена на едноставни превентивни мерки и практикување на здрави животни навики.

May be an image of text that says "+ Црвен крст на Република Северна Македонииа ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЛА ОХРИД НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ Разговор co Академик проф. д-р Миле д. Микуновий ПОДИГНИ СВЕСт, ПОБЕДИ PAK! 3 март, понеделник, 11ч. 11 ч. ne Црвен крст Охрид 01-08.03.2025"
< врати се назад