ноември 3, 2023

НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ГЛАДТА

Црвен крст Охрид под мотото “Помислете и на нас” и оваа година ја реализираше кампањата по повод Неделата на борба против гладта (16-22 октомври).
🔻 Во текот на кампањата беа реализирани активности со поддршка на Лајонс клуб Десарети и Лајонс клуб Деница, како и собирни акции на храна во сите основни училишта од Охрид, како и во повеќето поголеми маркети низ градот Охрид, каде хуманите граѓани имаа можност да донираат храна и средства за хигиена за помош на најранливите. Во текот на оваа година евидентирани се околу 900 семејства кои бараат помош и се во социјален ризик.
👉Во текот на Неделата на борба против гладта, Црвен крст Охрид додели хуманитарни пакети на 80 социјално загрозени семејства, а од собраните материјални и финансиски средствата во текот на целата кампања од Неделата на гладта, до крај на месецот се доделени пакети на вкупно 200 семејства кои примаат социјална помош, згрижувачки семејства, бездомници, лица со инвалидитет, деца без родители и стари лица.
🥰Се заблагодаруваме на сите вработени во Општинска организација Охрид и волонтерите на Клубот на млади за спроведувањето на акцијата, на хуманите граѓани кои ја направија оваа акција успешна, на училиштата и на маркетите (Миса, Тамаро, Випс, Old town-Варош) кои се вклучија со своја помош во реализацијата на истата.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Можно е да е слика од играчка
Можно е да е слика од 7 луѓе
Можно е да е слика од 10 луѓе и текст
Можно е да е слика од 5 луѓе
Можно е да е слика од 6 луѓе
Можно е да е слика од 13 луѓе и текст
Можно е да е слика од 2 луѓе и количка за голф
Можно е да е слика од 3 луѓе и текст
Можно е да е слика од 6 луѓе и џип
Можно е да е слика од 6 луѓе и дете
Нема опис за фотографијата.
Можно е да е слика од 1 лице
Можно е да е слика од 8 луѓе
Можно е да е слика од 4 луѓе и текст
Можно е да е слика од 3 луѓе, болница и текст
Можно е да е слика од 2 луѓе, болница и текст
Можно е да е слика од 2 луѓе и текст
 
< врати се назад