октомври 7, 2023

НАСМЕВКИ

Емоциите кои се добиваат во текот на работењето на социјален проект се тешки за објаснување и доловување и би можеле навистина да се почувствуваат само ако се доживеат.
Но, преку трудот и добронамерноста на овогодинешните ПХВ младинци кои избраа да работат токму ваков проект, би можеле да се доближиме до тоа чувство.
Целта на овој ПХВ тим беше да ги намалат страдањата и да ги олеснат животите на едно деветчлено семејство кое живееше во екстремни лоши услови.
За реконструкцијата на нивниот дом беа потребни финансиски сретства кои беа собрани преку низа хуманитарни акции:
-две хуманитарни свирки со млади таленти од градот Охрид на охридскиот плоштад и покрај охридскиот кеј,
рачно изработување свеќички кои беа продавани,
мотивирање на младите артисти да изработат свои дела и нивно продавање на настани, а и на социјалните мрежи на Црвен Крст Охрид,
-хуманитарен фудбалски турнир со основните и средните училишта,
-декорирање чаши кои беа продавани на повеќе настани,
собирање облека и храна која беше однесена кај семејството.
Средствата беа искористени за:
санирање и варосување на ѕидовите,
поставување ламинат на подот,
овозможување проток на вода во кујната,
обезбедување нов мебел,
промена на прозорците,
фарбање на рамките од вратите.
 
Покрај тоа, младинците беа огромна поддршка за шесте деца во тоа семејство, давајќи им шанса да се описменат преку организирање неколку работилници.
 
Децата беа однесени на лекарски прегледи и некои од нивните здравствени проблеми беа ублажени.
 
Убавината на ПХВ е во тоа што не учи дека многу нешта се возможни доколку се работат со љубов, добра комуникација и внатрешна мотивација.
Насмевките ги створија:
Методија Стојаноски
– Ламбе Иваноски
Давид Тризагароски
– Јана Каралиевска
– Ивона Аврамоска
– Калина Стојаноска – ментор
 
 
 
 
< врати се назад