октомври 1, 2022

НАЈАВА ЗА БРОЈНИ АКТИВНОСТИ НА ЦРВЕН КРСТ ОХРИД

На ден 02.10.2022 година на градскиот плоштад ” Св. Климент Охридски ” граѓаните на градот Охрид ќе можат да присуствуваат на повеќе активности во организација на Црвениот крст.
 
🕛 (12:00 )
Одбележување на 12-от роденден на првиот Центар за развивање на животни вештини на Балканот, Бреинобреин – Црвен крст Охрид. Младите кои ја следат Бреинобреин програмата во нашиот центар, со своите тренери, ќе презентираат бројни вештини и техники на мултитаскинг и работа со абакус. Ќе биде овозможено запишување во есенскиот циклус на следење на Бреинобреин програмата на деца од 5-14 годишна возраст, а за децата од 3-5 годишна возраст ќе се понуди можноста за следење на новата едукативна програма на Едукативниот центар на Црвен крст Охрид, ПОЛЕТАРЧЕ, преку која на забавен и креативен начин, приспособен за возраста, се подготвуваат деца за во училиште.
 
🕐 ( 13:00 )
Одбележување на Меѓународниот ден на стари лица под мотото „Отпорност на старите лица во свет кој се менува“. Групата за поддршка на стари лица при Црвен крст Охрид ќе ги промовира своите активности и ќе биде дел од Јога – смеа активноста.
 
Одбележување на 26-от роденден на Клубот на млади на Црвен крст Охрид и започнување на кампања за одбележување на Неделата на млади под мотото „Биди причина за нечија насмевка“ – просторот ќе биде организиран со 10 катчиња, како Црвена зона за млади каде ќе се промовираат клучните аспекти на младинското делување, многу забава, дружење и незаборавните моменти кои се пропратни во работењето.
 
🕑 ( 14:00 )
Кампања за ширење на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел едукацијата и подигање на свеста на населението за правилно и навремено укажување на прва помош, како клучен фактор во спречување и намалување на инвалидитетот и спасување на човечки живот, каде волонтери на Црвен крст Охрид, стручни лица, едукатори, демонстратори по прва помош, парамедици ќе реализираат презентација на вештини и техники за укажување прва помош, промоција на опрема за укажување на прва помош, ќе делат едукативен материјал и совети за прва помош и самопомош при најразлични ситуации и несреќи.
 
Посетителите на Градскиот плоштад ќе имаат можност да ја запознаат „Линијата за здрав живот“ на Охридскиот тим на Орифлејм, Тим Татјана 421 – Охрид, да дегустираат од производите од Wellness програмата и да ја одредат својата телесна тежина и комплетната здравствена состојба на својот организам со мерење на Танита вага.
 
Настанот ќе биде поддржан со присуство на Градоначалникот на Охрид и Генералниот секретар на Црвен крст на Северна Македонија.
< врати се назад