октомври 6, 2026

МОТИВАЦИСКА РАБОТИЛНИЦА ЗА КРВОДАРИТЕЛИ ВО СОСУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

На 05.10.2026, во просториите на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, обучен мотиватор за крводарителство од Црвен крст Охрид одржа мотивациска работилница со учениците од трета и четврта година. Целта на работилницата беше учениците од ова училиште да научат повеќе за процесот на дарување крв, критериумите да се биде крводарител, личните бенефиции од крводарувањето и важноста на дарувањето крв.

Мотивациската работилница се одржа во пресрет на крводарителската акција во која ќе учествуваат ученици и вработени во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

Оваа акција ќе се одржи на 7 октомври 2026 година (среда) во модуларната болница во Охрид (во кругот на Општа болница од 09:00 до 12:00 часот.

Црвен крст Охрид ги кани учениците кои наполниле 18 години и вработените од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ да ја изразат својата хуманост дарувајќи крв во текот на акцијата. Дарувај крв – спаси живот!

< врати се назад