
април 14, 2026
Мотивациска работилница за крводарители во ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски” – Охрид
Денеска, во просториите на ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски” – Охрид, се одржа мотивациска работилница за крводарители од страна на обучен мотиватор за крводарителство од Црвен крст Охрид.
На работилницата учествуваа ученици од 3та и 4та година кои научија повеќе за процесот на дарување крв, критериумите за да се биде крводарител, личните бенефиции и важноста на дарувањето.
За градење на подобар свет, клучно е поттикнувањето на хуманост, свесност и активизам кај младите.





