февруари 24, 2022

Мотивациска работилница за крводарители во гимназијата ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид

40 ученици од 3та и 4та година научија повеќе за процесот на дарување крв, критериумите за да се биде крводарител, личните бенефиции и важноста на дарувањето.
 
Преку забавни активности и дискусија освен што самите се мотивираа подоцна имаа задача да го пренесат истото на своите соученици.
 
Оваа мотивациска работилница вроди со успешна гимназиска крводарителска акција, вчера во Службата за трансфузиона медицина, каде над 30 хумани гимназијалци ја даруваа својата скапоцена течност!
Голема благодарност до сите средношколци за соработката и успешноста на акцијата!
< врати се назад