јули 28, 2019

Младински камп на Беласица

Двајца волонтери од Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид, Ивана Грданова и Василија Јовчески беа дел од тридневен камп “Мистериите на Беласица” на планината Беласица организиран од општинската организација на Црвен Крст Струмица од 22-25.7.2019г.

На кампот учествуваа волонтери од другите градови во Македонија како и од Белград, Србија и Благоевград, Бугарија. На кампот беа оддржани предавања за Прва Помош на планина и за работата на Црвен Крст во Србија. Преку кампот нашите волонтери се запознаа со активноста на другите Клубови на Млади во Македонија, се здобија со нови идеи, го развија тимскиот дух, стекнаа многу нови пријателства и се зближија со природата преку искачување на планинскиот врв Ѕвезден Врв. Тие велат “Нема поисполнето чувство од запознавање и дружење со позитивни волонтери кои ја имаат истата желба за помагање како нас”

< врати се назад