
Mладински форум
По повод одбележувањето на Неделата на младите на Црвениот крст на Република Северна Македонија, вчера се одржа младинскиот форум на тема „Мојата волонтерска приказна“, организиран од Црвен крст Охрид, со цел да се поттикне младинското волонтерство и да се истакне значењето на активното учество на младите во заедницата.
Настанот претставуваше можност за размена на искуства, идеи и инспиративни приказни, преку кои се истакна улогата на волонтерството во личниот развој на младите, градењето нови пријателства, стекнувањето вештини и создавањето позитивни промени во општеството.
На форумот учествуваа четворица панелисти – волонтери на Црвен крст Охрид и модератор гостин, кои ги споделија своите волонтерски приказни, искуства, предизвици и мотиви што ги поттикнале да бидат дел од волонтерската заедница. По панел-дискусијата, присутните имаа можност да поставуваат прашања, да разменуваат мислења и да дознаат повеќе за можностите што ги нуди волонтерството. ![]()
Посебна вредност на настанот беше присуството на поканети ученици од основните и средните училишта во Охрид, кои имаа можност одблизу да слушнат автентични волонтерски приказни и да се запознаат со значењето на хуманоста, солидарноста и општествената одговорност.
Веруваме дека секоја волонтерска приказна може да инспирира нова, а секој млад човек има потенцијал да направи промена!
#ЦрвенКрст#ЦКмлади#црвенкрстохрид









