ноември 14, 2022
МЕСЕЦ НА ПРЕВЕНЦИЈА НА БОЛЕСТИ ОД ЗАВИСНОСТИ
Месец ноември традиционално се одбележува како месец на превенција на болести од зависности т.е. болести предизвикани од алкохол, цигари, дрога и останати зависни супстанци.
За таа цел, врсничките едукатори Матеа Стоев и Борче Исакоски изминатата среда одржаа врсничка едукација на оваа тема за волонтерите од Клубот на млади.
Околу 40 млади беа запознаени со причините, ефектот и последиците кои овие производи кои за жал се дел од секојдневието на младите може да ги имаат врз луѓето.
ЖИВОТОТ Е ПРЕСКАПОЦЕН ЗА ДА ГО ПОТРОШИШ НЕРАЗУМНО. ИНФОРМИРАЈ СЕ И ПОБЕДИ ЈА ЗАВИСНОСТА, ПРЕД ТАА ДА ТЕ ПОБЕДИ ТЕБЕ