
декември 3, 2023
Меѓународен ден на лица со попреченост
На ден 2.12.2023 беше одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост (3ти Декември), а воедно и четвртиот роденден на здружението на родители и деца со посебни потреби “Тајните на моето срце”.
Нашите волонтери и оваа година беа дел од настанот и се погрижија да измамат насмевка на лицата на присутните дечиња, а воедно и да им го разубават денот.
На крајот на настанот на дечињата им беа поделени и симболични подароци.
Овој настан стана едно незаборавно искуство за нашите волонтери кои ја имаа можноста да го почувствуваат вистинското значење на среќата низ очите на насмеаните дечиња.






















