јули 16, 2018

Марко во посета на Охрид

Хуманиот гест на охриѓанецот Славчо Филипче во организација со Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид му овозможи на младиот Марко кој е аутистично момче да му се исполни големата желба за прв пат да го посети Охрид. Семејството Филипче ширум обезбеди сместување за Марко и неговата мајка од 11 до 14 јуни, а Општинска организација Охрид, хумани луѓе и донатори обезбедија средства за покривање на трошоците за престојот во Охрид за време на кој Марко ги посети Св. Наум, Заливот на коските, Струга и други места.

< врати се назад