мај 23, 2020

Курсеви по прва помош за возачи и работни организации

По усвојувањето на одлуките за намалување на рестриктивните мерки на 51-та седница на Владата на Република Северна Македонија, Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид на 23.05 започна со организирање курсеви по прва помош за возачи и за работни организации. Курсевите се организираат и одвиваат согласно упатства за примена на мерките за заштита од КОВИД-19, изготвени од Црвен крст на Република Северна Македонија.

За учество во курсевите за прва помош можат да се пријават само полнолетни лица. При посетувањето на курсната настава, секој кандидат задолжително треба да се придржува до мерките и препораките за заштита од КОВИД-19:

➡ да носи заштитна маска
➡ да одржува растојание од 2 метри
➡ да ги дезинфицира рацете.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на:

☎ 046 261 909 / 046 262 706
☎ 070 315 309
 ohrid@redcross.org.mk

< врати се назад