март 7, 2024
Крводарителска акција во просториите на СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид
На ден 06.03.2024 Црвен крст Охрид во соработка со Службата за трансфузија Охрид реализираше успешна крводарителска акција во просториите на СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид со средношколците од четврта година и вработените од ова училиште.
На акцијата својата крв ја даруваа вкупно 27 дарители, меѓу кои професори, вработени во службата и ученици кои станаа дел од големото семејство на крводарители.
Продолжуваме со хуманата мисија и се заблагодаруваме до СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ Охрид за соработката и успешноста на акцијата!