
мај 7, 2026
Крводарителска акција – ФТУ Охрид
Денеска, во просториите на ФТУ Охрид, Црвен крст Охрид во соработка со Служба за Трансфузија-Охрид и Факултет за туризам и угостителство – Охрид организираше успешна крводарителска акција со професори, студенти и општа популација.
На крводарителската акција својата драгоцена крв ја даруваа 17 крводарители, а за успешноста на оваа акција придонесоa сите хумани граѓани.
Крводарувањето е висок чин на солидарност – им благодариме на сите граѓани кои донираа.
Дарувај крв, спаси нечиј живот!










