декември 14, 2021

Kрводарителска акција

Ве известуваме дека на ден 15.12.2021 година (среда) од 10:00 до 14:00 часот Црвен крст Охрид во соработка со Службата за трансфузија-Охрид и Факултет за туризам и угостителство – Охрид организира редовна крводарителска акција која ќе се одржи во просториите на ФТУ Охрид.
Согласно протоколите за работа во услови на епидемија од COVID-19 ќе бидат преземени сите потребни заштитни мерки и овозможени услови за безбедно дарување крв на сите крводарители.
Добредојдени се сите хумани граѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција.
< врати се назад