февруари 3, 2022
Kрводарителска акција во просториите на СВР Охрид
На ден 02.02.2022, од 10-13 часот, Црвен крст Охрид во соработка со Службата за трансфузија-Охрид и СВР Охрид реализираше успешна крводарителска акција, на која крв даруваа 17 крводарители, а истата се одржа во просториите на СВР Охрид.
Изразуваме благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв и ја истакнаа својата хуманост и висока општествена одговорност.