декември 30, 2022
Kрводарителска акција во просториите на ФТУ Охрид
На ден 13.12.2022 год во просториите на ФТУ Охрид, Црвен крст Охрид во соработка со Служба за трансфузиона медицина-Охрид организираше успешна крводарителска акција со студенти и општа популација, која беше последна од планираните акции од годишниот интегрален план за организирање на крводарителски акции за 2022.
На крводарителската акција својата драгоцена крв ја даруваа 28 крводарители, а за успешноста на оваа акција придонесоа многуте првократни дарители.
Крводарувањето е висок чин на солидарност – им благодариме на сите граѓани кои во текот на изминатите месеци од 2022 даруваа крв.
Дарувај крв, спаси нечиј живот!