декември 16, 2021
Kрводарителска акција во просториите на Факултет за туризам и угостителство – Охрид
На ден 15.12.2021 год во просториите на Факултет за туризам и угостителство – Охрид Црвен крст Охрид во соработка со Служба за Трансфузија-Охрид организираше успешна крводарителска акција со студенти и општа популација, која беше последна од планираните акции од годишниот интегрален план за организирање на крводарителски акции за 2021.
Крводарувањето е висок чин на солидарност – им благодариме на сите граѓани кои во текот на изминатите месеци од 2021 даруваа крв.
Дарувај крв, спаси нечиј живот!