септември 5, 2022

Крводарителска акција – НУ Центар за култура „Григор Прличев“

За да се задоволат потребите од крв и крвни продукти за пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид организира вонредна крводарителска акција која ќе се реализира на 10.09.2022 (сабота) во просториите на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во периодот од 10-14 ч.
Ги повикуваме нашите сограѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција.

< врати се назад