декември 12, 2018
Крводарителска акција-Факултет за туризам
Црвен крст Охрид ги заокружи активностите во делот на крводарителството насочени кон прибирање на доволни количества на крвни единици за 2018 година, со организирање на редовната крводарителска акција на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид која се реализира на 12.12.2018 г. На крводарителската акција беа собрани вкупно 27 крвни единици.