февруари 21, 2024
Kрводарителска акција – OСУ “Св. Климент Охридски”
На ден 21.02.2024 согласно Годишниот Интегрален план, Црвен крст Охрид во соработка со Службата за трансфузија Охрид реализираше успешна крводарителска акција во просториите на OСУ “Св. Климент Охридски” со средношколците од трета и четврта година и вработените од ова училиште.
На акцијата својата крв ја даруваа вкупно 23 дарители, меѓу кои професори и ученици кои станаа дел од големото семејство на крводарители.
Продолжуваме со хуманата мисија и се заблагодаруваме на учениците за солидарноста, соработката и издвоеното време.