мај 14, 2020
Крводарителска акција
Во рамките на одбележувањето на Неделата на Црвениот крст (од 8 до 15 мај) успешно беше реализирана вонредна крводарителска акција. На ден 14.05.2020, во просториите на Службата за трансфузиона медицина Охрид, крв даруваа 30 хумани граѓани. Особено нè радува фактот што меѓу крводарителите имаше млади луѓе кои крв даруваа по првпат.
Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид изразува голема благодарност до сите крводарители.