
јануари 14, 2022
Координативен состанок со Македонско Еколошко Друштво – вмрежување на организации и синергија на проекти
На ден 13.01.2022 година, на платформата ZOOM, се одржа координативен состанок со Македонско Еколошко Друштво каде што се дискутираше за вмрежување на организациите како и синергија на проектите кoи во овој момент се реализираат на територија на Националниот парк Галичица и неговата околина.

Активноста е дел од проектот „Развој на едукативни ресурси за заштита на пештерите и лилјаците во Националниот парк Галичица“ поддржан од: Prespa Ohrid Nature Trust – PONT и Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF).