
декември 29, 2023
КОКА КОЛА НОВОГОДИШЕН КАРАВАН
На 25 и 26 декември нашата општинска организација имаше можност да учествува и да ги претстави своите програми и активности на патувачкиот новогодишен караван на Кока Кола.
Во една претпразнична атмосфера и еуфорија граѓаните на нашиот град можеа да проследат различни забавни точки, меѓу кои и да го посетат штандот на Црвен крст Охрид на кој во текот на двата дена постојано се одвиваше некоја интересна и информативна активност .
На штандот на Црвен крст Охрид се претставија :
– Клубот на млади,
– Клубот за грижа на стари лица “Најди време”,
– Нега – центарот,
– Единицата за спасување на вода,
– Планинската спасителна служба,
– Едукативната програма “Полетарче”,
– Едукативната програма “Brainobrain”,
– Екипите за прва помош
Се заблагодаруваме на сите вклучени за поддршката и за овозможената прилика да го прошириме хуманиот дух меѓу граѓаните пред празниците .













