март 4, 2025

КЛУБ НА МЛАДИ ЧИТАТЕЛИ

И оваа година продолжуваме со активности за Клубот на млади читатели

Клубот на млади читатели започна со работа во декември 2023 година на иницијатива на волонтерките Јана Каралиевска и Исидора Маркоска. Клубот има цел да ја поттикне љубовта кон книгите и читањето кај младите, создавајќи инспиративна и пријателска средина за размена на идеи, дискусии и литературни авантури.

Книгата за месец февруари “Книгата со предизвици на Деш и Лили” од Дејвид Левитан и Рејчел Кон, беше обработена преку потрага по богатство низ нашиот град инспирирана од предизвиците напишани во самата книга.

На волонтерите им беа зададени забавни предизвици и загатки поврзани со книги кои ги доведоа до богатството – едногодишно членство обезбедено од нашата градска библиотека “Григор Прличев”. Богатството – кое и понатаму ќе ги поттикнува да ја развиваат својата љубов кон литературата, која на крајот на денот е и вистинското богатство.

#ЦрвенКрст#ЦКмлади

< врати се назад