![](https://www.crvenkrst-ohrid.org.mk/wp-content/uploads/2024/04/112-7-1000x560.jpg)
март 29, 2024
КАРИЕРНО СОВЕТУВАЊЕ ВО КЛУБ НА МЛАДИ
Како и минатата година, земајќи ги в предвид потребите на волонтерите во Клубот на млади се одржа сесија за кариерно советување.
На истата 16 волонтери, воглавно ученици од трета и четврта година средно, се запознаа со тоа како можат да ги откријат своите интереси, своите квалитети, како и тоа што следи понатаму во однос на бирањето на нивната професионална кариера.
Сесијата ја одржаа советничката за кариерен развој Марија Коваческа на 28 март во просториите на Црвен крст Охрид.