ноември 23, 2022

Кампања по Прва помош за млади

Црвен крст Охрид долгогодишно активно работи на планот на унапредување и развој на дејноста во делот на првата помош сега со посебен придонес во образовните институции каде уште од најмала возраст се обучуваат младите како правилно да укажат помош таму каде што е потребна. Првата помош е непроценлива животна вештина која децата треба да ја надоградуваат во текот на животот. 
 
Од 20ти септември до 20ти ноември 2022 година Црвен крст Охрид се вклучи во националната кампања на Црвен крст на РСМ под мотото “Првата помош спасува живот” и спроведе едукации во сите 9 основни и 4 средни училишта на територијата на општина Охрид и Дебрца. Опфатени беа 973 ученици на возраст од 12 до 18 години.
 
Тематската област на едукациите вклучуваше обука за укажување на прва помош односно срцево-белодробно оживување (реанимација), задушување со страно тело, различни видови крварења, скршеници, изгореници и смрзнатини.
 
 Обуките беа проследена со големо внимание и заинтересираност од страна на учениците.
 Изразуваме голема благодарност за соработката и укажаната доверба до сите основни и средни училишта во Охрид и Дебрца.
              
< врати се назад