јули 25, 2018

Јане Петков – пливање со врзани раце и нозе, во вреќа

Во организација на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид на 24.07.2018 г. се одржа несекојдневен и атрактивен настан. Јане Петков, од Петрич, Република Бугарија, направи вистински подвиг соборувајќи го светскиот рекорд во пливање врзан во вреќа. Јане Петков за околу 3 часа врзан со синџири на рацете и нозете успеа да преплива 3380 метри, подобрувајќи го значително стариот светски рекорд поставен во Индија од 3071 метар.

Претседателот на Општинска организација Охрид, Сашо Точков истакна дека преземени беа сите потребни мерки за безбедно одвивање на настанот, обезбедени доволен број на екипи на спасители на вода и медицински екипи, судии кои го следеа настанот, како и друг технички персонал.  Беа направени и здравствен преглед и лабораториски анализи на крв од кои се потврди специфичната здравствена состојба на Јане Петков со значително помали вредности на железо и хемоглобин во крвта, од нормалните вредности.

 

< врати се назад