Јане Петков -„човекот амфибија“
На 18.07.2018 во организација на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид се одржа предавањето на Јане Петков – „човекот амфибија“ во просториите на Општинска организација Охрид.
Јане Петков на присутните им презентираше техники на трифазно и четирифазно дишење, како и вештини на користење на мислата и концентрацијата при изведување на неговите подвизи во препливување на водени површини врзан за рацете и нозете со ланци и во вреќа, без користење на никакви помагала.
Еден таков, несекојдневен и необичен подвиг шеесет и четири годишниот Јане Петков ќе се обиде да изведе на 24 јули 2018 г. на Охридското езеро со препливување на повеќе од 3500 м. врзан со ланци и во вреќа.