мај 13, 2019

Избор за Лидер на млади

Младите од Клубот на млади Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид на 12 мај  во Едукативниот тренинг центар на Општинска организација Охрид во Велестово се подготвуваат за избор на лидер и заменик лидер на Клубот на млади кои во наредните две години ќе ги координираат и предводат активностите на младите во Општинска организација Охрид. Со примена на посебно осмислени алатки и техники ќе се поттикнуваат и оценуваат креативноста, лидерството, организациските вештини и тимската работа, по што ќе се оценуваат најдобрите, за понатака во соодветен изборен процес да се избере лидер и заменик лидер на Клубот на млади на Општинска организација Охрид во период од 2019 до 2021 година.

< врати се назад