јануари 26, 2023

Интернационална обука за развивање и користење на механизми кои предвидуваат обезбедување на асистенција кон ранливи индивидуи или групи

Во периодот 23-27 јануари во центарот “Солферино“ – Струга се одржува интернационална обука за развивање и користење на механизми кои предвидуваат обезбедување на асистенција кон ранливи индивидуи или групи, базирана на готовина или ваучер. Обуката се одржува со поддршка на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина. Покрај учесници од Црвен крст на Република Северна Македонија на обуката учествуваат и учесници од Црвен крст на Црна Гора, Црвен крст на Романија и Црвен крст на Литванија. Фасилитатори на обуката се искусни делегати од Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.
Генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија, д-р Саит Саити, на 26.01.2023 година ја искористи можноста да ги поздрави учесниците и фасилитаторите, да им посака успешна работа со надеж за понатамошна заедничка соработка, размена на искуства и зајакнување на меѓусебната соработка за исполнување на заедничката хуманитарна мисија.
 
May be an image of 13 people, people standing and outdoors
 
 
< врати се назад