февруари 9, 2020

III ПХВ обука

На ден 09.02 во просториите на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Охрид се одржа третата, а воедно последна ПХВ обука. Учесниците се стекнаа со знаење за документирање на ПХВ малите проекти и критериумот за оценување на истите. Со голема мотивација и желба за да пружат помош, подготвени беа да ја започнат работата на терен. Се поделија во групи и во текот на изминатата недела почнаа да се состануваат, одлучија на какви проекти ќе работат и какви целни групи да бараат.

< врати се назад