јануари 26, 2020

I и II ПХВ обука

На 26.01. 2020 година во просториите на Општинската оганизација на Црвен крст Охрид се одржа првата ПХВ обука во рамки на ЦКА-ПХВ програмата за 2020 година. Учество во овогодинешниот циклус зедоа 41 ученик од сите средни училишта во Охрид. Учесниците имаа можност да се запознаат со историјата и активностите на Црвен крст, каде што во наредните два месеци ќе го поминуваат најголемиот дел од времето изработувајќи мали проекти за добробит на заедницата. Исто така тие имаа можност да се запознаат меѓусебе, а потоа и со дисеминаторите, менторите кои ќе им се целосна поддршка во текот на целиот циклус.

Една недела подоцна, на 02.02.2020 година, се одржа и втората ПХВ обука од страна на ПХВ инструкторите, каде што пак младинците научија нешто повеќе за програмата, се запознаа со начинот за изработување мали проекти и поминаа едно убаво неделно попладне. Веќе е закажана и третата, а воедно и последната обука по која младинците ќе се подготвени да излезат на терен и да ги реализираат своите идеи.

< врати се назад