април 12, 2023

Хуманитарни пакети со прехранбени производи и средства за хигиена од ОСМТХ Командерија Св. Наум Охридски – Охрид

Во пресрет на Велигденските празници, а како израз на висока општествена одговорност и хуманост, традиционално и оваа година членовите на ОСМТХ Командерија Св. Наум Охридски – Охрид во соработка со Црвен крст Охрид, денес доделија хуманитарни пакети со прехранбени производи и средства за хигиена на 30 семејства во социјален ризик од Охрид и Дебрца.
 
 Изразуваме благодарност до ОСМТХ Командерија Св. Наум Охридски – Охрид за соработката и воедно ги охрабруваме нашите сограѓани, фирми, компании да бидат хумани и ја покажат својата општествена одговорност помагајќи им на социјално ранливите категории на граѓани.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад