
мај 9, 2026
Хуманитарни пакети по повод Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина
Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а поврзано со активностите за Неделата на солидарност (13-19 април), Црвен крст Охрид со поддршка на организацијата Canadians For Children At Health Risk (CCHR) од Торонто, Канада подготви и подели хуманитарни пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена на семејства кои живеат во социјален ризик во Охрид и Дебрца.










