декември 22, 2023

Хуманитарната акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“

Останува уште 1 ден за исполнување на новогодишните желби на децата од социјално загрозени семејства, во рамки на хуманитарната акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ на Црвен крст Охрид и КАМ Village.
Се заблагодаруваме на сите кои зеле волшебен новогодишен лампион и ја исполниле желбата напишана во него, обезбедувајќи го подарокот и доставувајќи го истиот во Црвен крст Охрид или на рецепцијата на хотел КАМ Village.
Оние кои избрале волшебен новогодишен лампион, а сеуште подарокот не го доставиле во Црвен крст Охрид, ги замолуваме тоа да го направат во текот на денешниот ден, најдоцна до 15 ч. 
Доделувањето на новогодишните подароци на децата од ранливите категории ќе се реализира утре, сабота, 24.12.2023 г., од 12 ч., на предновогодишната забава, околу „ВОЛШЕБНАТА ЕЛКА“ во комплексот KAM Village
 
 
 
 
 
 
 
< врати се назад