септември 19, 2022
Хуманитарна акција “ДАРУВАМЕ РАДОСТ НА ПРВАЧИЊА“
На почетокот на оваа школска година, Црвен крст Охрид по четврти пат ја организираше хуманитарната акција „Даруваме радост за првачињата“ која имаше цел да се обезбеди училишен прибор за првачињата од социјално ранливите семејства од сите основни училишта на територија на Општина Охрид.
Во рамките на оваа акција со донација од компанијата П.Н. МЕТАЛ Дооел Охрид се обезбедија 50 училишни ранци со комплет училишен прибор и спортска маичка, како и два преносни компјутери кои ќе се наоѓаат во просториите на Црвен крст Охрид и ќе можат да ги користат учениците за извршување на домашните училишни задачи.
Наставниците и менаџментот од училиштата изразија голема благодарност за реализацијата на овогодинешната хуманитарна акција за обезбедување школски прибор.
Црвен крст Охрид изразува благодарност до сопственикот и тимот од компанијата П.Н. МЕТАЛ Дооел Охрид за оваа донација, со која уште една докажаа како изгледа една општествено-одговорна компанија, секогаш подготвени за соработка и за помош на лица на кои навистина тоа им е потребно.