октомври 19, 2023
„Хуманитарен одговор 2023”
Денес (18.10.2023), во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија се одржа вежбата за дејствување во итна ситуација – земјотрес „Хуманитарен одговор 2023“.
Црвен крст Охрид учествуваше во оваа вежба со тим за спасување на вода и со тим за прва психолошка помош и психо-социјална поддршка.
Црвен крст Охрид им честита на сите учесници во „Хуманитарен одговор 2023“ за успешната реализација на вежбата.