ноември 14, 2021
Хуманитарен марш во чест на Трајан Целески-Тачо
На ден 13.11.2021 г. од игралиштето „Стобекс“ во населба Видобишта, охриѓани го започнаа првиот хуманитарен марш во чест на Трајан Целески- Тачо, во чест на неговиот прерано згаснат живот.
Околу 40-тина активисти придружувани од волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Охрид се движеа по патеката Видобишта-Црква Св. Никола-Велгошти- идобишта која е во должина од 10 км во два правци. Водич беше шампионот во планинско трчање Дејан Ангелоски.
Охрид го памети Тачо како голем другар, спортист, човек со борбен дух, позитивна енергија и харизма. Борбата за неговиот живот прерасна во симбол на хуманост и сплотеност.