април 7, 2023

Хуманитарен фудбалски турнир

На ден 08.04.2023 во спортската сала Билјанини Извори ќе се одржи хуманитарен фудбалски турнир на кој ќе учествуваат сите основни и средни училишта од Општина Охрид како дел од овогодишниот ПХВ-ЦКА циклус.
 
Турнирот го организираат две ПХВ групи од кои едната група работи на социјален проект, а другата група работи на проект со деца со попреченост. Влезот на овој турнир е 100 денари и сите собрани средства ќе бидат наменети за олеснување на животот на луѓето со попреченост и подобрување на условите за живот на социјално загрозено деветчлено семејство.
 
Се покануваат сите хумани граѓани да дојдат и да ги поддржат учесниците на турнирот и ПХВ младинците, како и духот на хуманоста кој овие два месеци владее во нашиот град .
 
No photo description available.
 
 
 
 
< врати се назад