февруари 16, 2019
Хортикултурно уредување
На ден 15. 02. 2019 волонтери од Клуб на млади и од програмата Грижа за стари лица “Најди време” при Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Охрид во соработка со акцијашите од “Брег на младоста” Охрид, GLOW/YMLP club од Мировен корпус и Здружението на жени “Бисера”, се вклучија во акција за хортикултурно уредување на дел од дворното место на средното економско училиште “Св. Кирил и Методиј”. Проектот “Градината на нашето училиште” кој беше инициран од волонтер од Мировен корпус во кој се вклучени и волонтерите на Општинска организација Охрид е спој на меѓугенерациска и општокорисна корисна работа во заедницата