
март 3, 2025
ГУШНИ ЗА РЕТКИ
На ден 28.02.2025, на Светскиот ден за ретките болести волонтерите од Црвен крст Охрид, во соработка со Младинската и Ученичките заедници, беа дел од настанот „Гушни за ретки“.
Целта на настанот беше подигнување на свеста за ретките болести и поттикнување на емпатија и поддршка за лицата кои живеат со нив. Со симболични прегратки, сакаме да испратиме порака дека никој не е сам и дека заедно можеме да создаваме поинклузивно општество .
Овој настан ни покажа колку е важно да бидеме гласот на оние кои се помалку слушнати. Со секоја прегратка, со секоја насмевка и порака на поддршка, заедно изградивме мост на разбирање и солидарност.
#ЦКмлади#ЦрвенКрст#реткоедасиредок




