мај 13, 2019

Гинисов рекорд за најголем одржан час по ментална аритметика

Единаесет деца од Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД кои на 24 ноември 2018 година учествуваа на меѓународниот Бреинобреин натпревар во Дубаи, покрај со бројни награди се стекнаа и со Сертификат за поставен Гинисов рекорд за најголем одржан час по ментална аритметика, со учество на повеќе од 3200 учесници. Сертификатите на БОБ генијалците им беа доделени на 12 мај 2019 година, во Скопје од страна на Мастер франшизерот на Бреинобреин програмата Драгана Гвозденовиќ и тренерот Валентина Кузмановска.

< врати се назад