
ноември 23, 2022
ГЕРИЛА – АКЦИИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НA ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ
Волонтерите на Црвен крст Охрид овој понеделник повторно ги претставија видовите и последиците на трговијата со луѓе како социјален проблем преку нивниот перформанс.
Овој пат перформансот беше изведен пред учениците од деветто одделение од училиштето ООУ “Христо Узунов”, повторно во соработка со СВР Охрид.
Заедно да се едуцираме и да ја покренеме свеста на оваа тема!







