ноември 24, 2026

GAME NIGHT

Клубот на млади при Црвен крст Охрид повторно ве поканува на вечер исполнета со забава, дружење и незаборавни моменти!

GAME NIGHT е една од активностите што прераснуваат во убава традиција на нашиот Клуб на млади. Вечер посветена на играта, тимскиот дух и позитивната енергија, каде натпреварувачкиот дух се среќава со смеата, а секоја игра е можност за ново познанство и уште едно убаво заедничко сеќавање.

25.11.2026 (среда)

20:00 часот

Црвен крст Охрид

Подготви ја добрата енергија, поведи другар или другарка и придружи ни се! Те очекуваме на вечер во која најважно е да се забавуваме заедно!

< врати се назад